Испечати

Посно благо лепче со кандирано овошје

Посно благо лепче со кандирано овошје

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 1 мал филџан од 80 мл масло
  • 1/2 коцка (20 гр) свеж квасец
  • рендана кора од 1 лимон
  • околу 250 мл топла вода
  • За плнење
  • 100 гр кандирано овошје

Подготовка

Во сад ставете го брашното, шеќерот, маслото, квасецот изронат, солта, кората од лимон и со постепено додавање на водата замесете тесто. Убаво измесете го да се добие изедначено, мазно и средно меко тесто.
Покриено оставете го да скисне, 45-60 минути.
Стасаното тесто премесете го и на набрашнета површина развлечeте правоаголна кора со должина колку калапот за печење (30х11).
По површината на кората распоредете го кандираното овошје и завиткајте ролат.
Ролатот ставете го во намачкан со масло и посипан со брашно правоаголен калап. Оставете го да стаса 35-40 мин. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени.
Ставете го да се пече околу 45 мин. Во печењето одозгора може да си ставите и хартија за печење бидејќи од шеќерот брзо потемнува.
Печеното лепче покријте го со фолија и крпа и оставете го да олади.
Послужете го со мармалад и чајче со вкус по желба.