Испечати

Кокос бајадера (посно)

Кокос бајадера (посно)

Состојки

  • 250мл. вода
  • 300гр. шеќер
  • 125гр. маргарин
  • 400гр. бисквити
  • сок од еден лимон
  • За светлиот дел
  • 100гр кокос
  • За темниот дел
  • 100гр. посна чоколада
  • 100гр. мелени ореви, лешници или бадеми
  • глазура
  • 100гр. посна чоколада
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици вода
  • 2 лажици шеќер

Подготовка

Убава, брза и едноставна за подготовка бајадера идеално блашко за постите.
Подготовка.
Во тенџере кратко ги растопуваме шеќерот и водата, го додаваме маргаринот да се стопи. Тргаме на страна и оставаме пет минути смесата да се пролади, ги додаваме бисквитите и сокот од лимон. Смесата ја делиме на два дела во едниот дел го додаваме кокосот во другиот оревите и растопената чоколада.
За да извадите убави правоаголни форми идеално е смесата да ја ставите во коцкаста или правоаголна тава. На дното го ставаме црниот фил одозгора кокосовиот, шеќерот со водата за глазура го растопуваме ја додаваме чоколадата да се растопи. Глазурата ја сипуваме врз бајадерата, оставаме да се излади.
Добар апетит!!!