Лепче со 4 вида семиња
Состојки
- 1200 гр екстра бело брашно
- 5 лажици маслиново масло
- 1лажица сол
- 25 гр квасец
- 1мало лажичеж шеќер
- 5лажици мешавина од мелени семиња тиква,сончоглед,ленено семе и интегрален сусам.
- 700 гр вода млака
Подготовка
Во мал дел од водата, се раствара квасецот и се остава да стаса.
Брашното се просејува и се промешува со семињата. Се прави длабнатина во средината во која се додава стасаниот квасец и маслото. Од страната пополека се додава солта и шеќерот, но пазете да не се помеша солта со квасецот. Месете меко тестово садот, а потоа извадете на работна маса и уште еднаш убаво изработете го тестото. Префрлете во сад и покријте со најлон, а потоа со капак или некоја прекривка.Оставете еден час. По еден час размесете го тестото на набрашнета маса и поделете го на онолку колку сакате да имате лепчиња. Калапот во кој ќе биде сместен лебот набрашнете го. Изработените мали лепчиња ставете ги во калапот и покријте пак со крпа.Оставете уште 30минути.
Рерната нека биде загреана кога ќе го ставите лепчето да се пече. Намалете ја после температурата и нека се пече 40 минути. Кај мене рерната многу печеод горе, па малку изгледа како изгорено корчето иако не е.
Ќе добиете едно меко врело лепче,кое е пекрасен и здрав појадок.Ви предлагам да го користите како појадок со мед.
На здравје