Испечати

Посни гнездо-банички

Посни гнездо-банички

Состојки

  • 500 гр. готови кори
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1/2 пакетче пециво
  • 300 мл. млака вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 7 лажици брашно
  • 200 мл. масло
  • уште ќе е потребно
  • 100 гр исецкани маслинки
  • 2 млади кромитчиња

Подготовка

Еве уште една идеја за време на пости што да си направите за доручек, брзо и вкусно.

Квасецот се става во сад со лажичка шеќер, лажица брашно и малку од топлата вода да се активира. Во набабрениот квасец се додава останатата топла вода, масло, сол, преостанатото брашно и пециво. Смесата убаво се промешува да се изедначи и да се хомогенизира. Треба да е нешто налик на смеса за палачинки.

Се зема по една од корите и се премачкува со 4-5 лажици од смесата. Се витка како баничка. Постапката ја повторуваме додека не ни се потрошат сите кори. Се редат со тава за печење и врз секоја од формираните банички во средината се става по една лажица од течната смеса и се редат ситно исецканите маслинки и млади кромитчиња.

Се печат во загреана рерна на 180 степени 15 мин.