Посен мајонез со брашно од соја
Состојки
- 50 гр. соино брашно
- 200 мл. млака вода
- 100 мл. маслиново масло (ладно цедено)
- 1 лажичка сенф
- 1/2 лажичка сол
- сок од 1 лимон
Подготовка
Еве еден поразличен рецепт за посен мајонез, направен со соино брашно.
За време на пости, предлог за доручек или пак како додаток на други јадења.
1. Брашното се соединува со млаката вода, се вари кратко додека да згусне.
Се лади добро. Отпрвин изгледа многу густо, но со другите состојки ќе добие
друг изглед.
2. Откако ќе излади му се додава сенфот и солта, благо се мати со миксер и со
непрестано матење постепено се додава маслото.
3. На крај се додава сокот од лимон и добро се изедначува.
Подготвениот мајонез се става во тегличка и се чува во фрижидер.
По вкус може да се додаде уште малку сенф или сок од лимон, може и лук во
прав или мелен бибер.
Бидејќи ладното цедено маслиново масло има интензивен вкус, може да се
замени и со сончогледово.
Добар е и како основа за посна руска салата.