Ќофтиња од наут и пармезан

Состојки
- 400гр. наут од конзерва
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 сува пиперка
- 3 полни лажици пармезан
- 1/2 лажичка куркума
- неколку ливчиња магдонос
- по потреба сол, црн бибер, масло
Подготовка
Наутот исцедете го од течноста и изблендирајте го.
Префрлете го во сад и додајте го пармезанот, ренданиот кромид, ситно сецканиот лук, сецканата сува пиперка, сецканиот магдонос, куркумата,малку сол(внимавајте со солта бидејќи пармезанот е солен) и црн бибер.
Убаво измешајте ги состојките.
Со рака земајте од смесата и обликувајте ќофтиња.
Пржете ги во загреано масло на средна температура.
Испржените ќофтиња извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија и послужете ги со свежа салата.