Школки со блитва, спанаќ и сирење
Состојки
- тесто
- 125 мл бело вино
- 1/2лажиче сол
- 200-230гр бело брашно
- 1/4 лажиче пециво
- 50мл маслиново масло
- 2 лажици изматено јајце
- фил
- остатокот од јајцето
- 12 листови блитва
- 100гр спанаќ
- 100гр бело сирење
Подготовка
Прво од состојките се замесува средно тесто и се остава во вангличка покриена со фолија околу 20 минути.
Сега се бланшираат исчистената блитва и спанаќ и се оставаат убаво да се исцедат од водата.
Се сецкаат ситно, се додава сирењето и остатокот од јајцето.
Убаво се промешува.
Од тестото се сучи коричка со дебелина од 5 мм се вадат кругови, се става фил по 1 лажиче и се затвараат и се притискаат со вилушка.
Може да се користи најмалечкото калапче за формирање панцероти.
Се редат во плех, по желба се премачкуваат со јајце, се наросуваат со ленено семе и се печат 20 минути на 180с степени.
Во филот може да се додаде и малку сол, се во зависност колку е солено сирењето.