Чоколадни мафини
Состојки
- 2 јајца
- 2 лажици шеќер
- 50 мл млеко
- 1 лажиче путер
- 70 гр црно чоколадо
- 4 лажици брашно
- 1/2 лажиче пециво
- цимет, морско оревче, ѓумбир во прав
Подготовка
Мало слатко заблажување.
Прво во мала касерола на оган се топат чоколадото, млекото и путерот.
Нека се изладат.
Сега се матат јајцата со шеќерот, се додава изладената смеса, зачините по вкус и на крај просеаното брашно со пециво.
Убаво се меша да се соедини смесата.
Се тура во калап за мафини, во кои има ставено хартиени кошнички.
Се печат 20 минути на 180 степени.
Од оваа доза излегуваат 6 мафини.