Слатки њоки од компир со афион
Состојки
- 500 гр компири
- 100 гр шеќер во прав
- 150гр брашно
- 1 јајце
- 30гр путер
- Фил
- 120мл млеко
- 80гр шеќер во прав
- 100 гр афион
- 1/2 лажиче густин
Подготовка
Компирите ги вариме, лупиме и пасираме.
Додаваме растопен путер, шеќер во прав, брашно и јајце и месиме тесто.
Го подготвуваме филот. На оган растопуваме млеко и шеќер, па го додаваме афионот.
Откако ќе зоврие разматуваме густин и штом ја добие густината го тргаме филот на страна.
Од тестото со лажица земаме и расплеснуваме на набрашнета рака.
Во средината ставаме од филот и формираме топче.
Постапката ја поворуваме се додека има тесто и фил.
На страна на оган полниме еден сад со вода, и кога ќе почне да врие топчињата ги пушаме во водата.
Оставаме да се варат.
Кога се готови испливуваат на површината на тенџерето.
Со цедалка ги вадиме од садот и ги ставаме во друг сад кој е полн со лебни трошки.
Ги валкаме во лебните трошки па ги префрламе во чинија за сервирање и наросуваме шеќер во прав.
На здравје!
Забелешка
Убави се додека се топли.Јадете веднаш.