Испечати

Колачиња со урми и пралини

Колачиња со урми и пралини

Состојки

  • потребни состојки за колачињата во силиконските калапи
  • 6 парчиња желе бомбони
  • 200гр. мелени бисквити
  • 50мл. млеко
  • 2 лажици капучино
  • 5 лажици мелени ореви
  • 100гр. чоколадо
  • 3 лажици масло
  • потребни состојки за колачињата со урми
  • 30 парчиња урми без семка
  • 250гр. мелени бисквити
  • 250гр. мелени ореви
  • 5 лажици рум
  • 50гр. путер
  • 150гр. чоколадо
  • кокос по потреба

Подготовка

Најпрво ќе ви ја напишам постапката за подготовката на колачињата во калапите.
Чоколадото со маслото ги топиме на пареа и потоа со четче два пати ги премачкуваме калапите и на секое премачкување ви оставаме во замрзнувач по 15 минути. Во меѓувреме го правиме филот. Млекото го промешуваме со капучиното и го вариме. Во жешкото млеко ги додаваме оревите и бисквититие, промешуваме и оставаме да се излади. Кога ќе се излади ги додаваме сецканите желе бомбони и пак промешуваме.Со добиениот фил ги полниме калапите,ги затвораме со чоколадо и уште еднаш ги враќаме во фрижидер.
За колачињата со урми најпрво во длабок сад ставете ги оревите и бисквитите.
Во сад настрана на тивок оган стопете го путерот и чоколадото и кога ќе се изедначи смесата истурете ја врз оревите и бисквитите.Убаво промешајте и оставвете да се излади.Потоа додате го и румот.Добиената смеса оставете ја 20 минути да се здрви(поубаво ќе можите да ги обликувате колачињата).
Смесата поделете ја на 30 еднакви топчиња,и секое топче сплескајте го на дланка и во секое ставете по една урма.Убаво затворете ја урмата со тоа што ќе обликувате фишек.Вака направете со сите топчиња.Кога ќе ги направите колачињата оставете ги 1час во ладна просторија и потоа ако сакате сечете ги на половина,а ако не оставете ги цели.Колачињата по желба можите да ги чоколадирате или да ги наросите со мелени ореви или кокос,секој по желба и уживајте!!!