Печени посни плескавици и ќебапи(без масло)
Состојки
- Се варат
- 3-4 излупени компири
- 3-4 моркови
- 2 лажици крупен мешан сушен зачин
- 1 главица голема кромид
- 2-3 лукчиња
- Се додава
- 100 гр свежи печурки шампињони
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка буковец
- 1 лажичка мешан сув зачин
- 1/2 лажичка бибер
- 100-150 гр лебни трошки
- 50-100 гр мелена леблебија(брашно)
- други зачини по вкус
Подготовка
1. Се вари зеленчукот па се блендира без течност. Се истура смесата во сад, а во блендерот се остава неколку лажици, па се ставаат печурките и тие да се изблендираат и се додаваат на смесата.
2. Ги додаваме останатите состојки и замесуваме смеса од која потоа правиме плескавици и ќебапи.
Калкулирајте со лебните трошки за да добиете идеална смеса за правење на плескавичките. Затоа е пишана таква грамажа од до, значи отприлика толку е потрошено.
3. Ги ставаме на подмачкан плех и ги печеме на 200 степени околу 1/2 час.
И со времето на печење внимавајте, секоја рерна различно работи.
Одлични се самостојно да се јадат ама и во сендвичи, со посен мајонез, сенф, ајвар, младо кромидче, зелена салата и зачини по желба.
Забелешка
Количеството на зеленчук е по потреба.