Пржени домашно маринирани печурки
Состојки
- 500 гр ситни печурки шампињони
- 5-6 лажици маслиново масло
- 3 лажици бел оцет
- 1/2 главица ситно сечкан лук
- 1 главица ситно сечкан кромид
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка мајчина душичка
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка бибер во зрно
Подготовка
1. Печурките ги миеме и ги ставаме во вода што врие да се обарат околу 8-10 минути. Ги цедиме и ги оставаме да се изладат.
2. Во меѓувреме сите состојки, ги ставаме во тегла, ја затвораме теглата и ги промешуваме да се соединат.
3. Ги додаваме печурките, ја затвораме теглата, лесно ја протресуваме и ја оставаме во фрижидер и до 2-3 дена за да се спојат вкусовите.
Доколку сакате можете да ги послужите и вака маринирани, со тоа што треба да ги извадите од фрижидер 10 мин. пред да ги служите.
Јас ги сакам пропржени, па затоа ги истурам во загреана тава и неколку минути ги пропржувам, без да им ставам некакви додатоци.
Пријатен апетит!