Испечати

Полнети лепчиња

Полнети лепчиња

Состојки

  • 500гр. брашно + 50гр. за формирање на топчињата
  • 100гр. урда
  • 150мл. млака вода
  • 1/2 свеж квасец(20гр.)
  • 50гр. путер
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажички шеќер
  • 150гр. сирење
  • за премачкување
  • 1 жолчка
  • 1 лажичка масло
  • малку сусам и ким

Подготовка

Во еден сад се става урдата и водата и со помош на дрвена лажица се размешува. Во садот каде што ќе се меси тестото се ставаат измереното брашно, солта, шеќерот, квасецот и смесата од урда. Внимателно се премесува и се започнува со месење.

Потоа се додава растопениот путер (не смее да биде врел) и се продолжува со месењето додека се добие средно меко тесто кое не се лепи на рацете. Доколку тесто е тврдо, а тоа значи дека урдата била сува, тогаш се додава уште малку вода и се продолжува со месење.

Количината на водата многу зависи од типот на урда. Ако урдата е сува тогаш се зголемува дозата на водата, а ако е мека и течна, тогаш се намалува количината на водата или се додава малку брашно во тестото. Во секој случај, тестото се меси додека се добие убаво мазно тесто кое не се лепи на раката.

Садот се прекрива со фолија и се остава 1 час  да надојде, скоро двојно. Потоа повторно се размесува и се остава да се „одмори“ уште 10-15 минути.

Од вака добиеното тесто се прават топчиња се расукуваат и полнат со сирење, се редат во тава за печење, обложена со хартија за печење. Се добиваат 15-16 топчиња. Тие се оставаат околу ½ саат (или повеќе, во зависност од собната температура) да надојдат.

Топчињата се премачкуваат жолчка и малку масло и се наросуваат со сусам и ким.

Вака спремената тава со топчињата се ставаат во загреана рерна на 220степени да се печат. По 5 минути температурата на рерната се намалува на 190степени.

Добар апетит!!!