Погача со зачини и сирење-garlic-cheese-bread
Состојки
- 500гр. брашно + 50гр. за формирање на топчињата
- 250мл. јогурт
- 2 лажици масло(маслиново)
- 1/2 прашак за пециво
- 1/2 свеж квасец(20гр.)
- 1 лажичка шеќер
- 1/2 сол
- смеса со зачини
- 125гр. путер
- 2-3 чешниња лук
- 20гр. сусам
- рузмарин,оригано
- 150гр. сусам или пармезан
Подготовка
Погачава ме освои прво на изглед,веднаш кога ја подготвив ги задоволи и сите мои очекувања.Миризлива ароматна и исклучително вкусна погача ќе ве купи со првото залче. Начинот на подготовка ми беше предизвик може малку се двоумев но верувајте не се покајав ни за една минута од потрошеното време резултатот е преубав.
Подготовка
Најпрво во мал дел топол јогурт растворете го квасецот и лажица шеќер и оставете да нарасне.
Заедно измешајте го брашното, квасецот,масло, јогуртот, прашокот за пециво и со остатокот од јогуртот замесете меко тесто.
Тестото оставете го да преноќи во фрижидер.
Утредента во тенџере растопете го путерот во него ставете го лукот ситно исечкан (или користете лук во прав)додадете го рузмаринот ситно сецкан, ориганото и сусамот.
Од тестото формирајте мали топчиња со големина на орев и ставете ги во растопениот жежок путер, протресете го тенџерето (без да мешате со лажица) за да можат сите топчиња да си впијат од путерот и зачините.
Во округла тава за печење сипете ги топчињата и протресете да добиете форма на погача.
Врз погачата изрендајте сирење или посолете пармезан.
Печете во загреана рерна на 200степени половина час. Изладете и дегустирајте убавина од мириси и преубав вкус.
Добар апетит!!!