Испечати

Рибја чорба

Рибја чорба

Состојки

  • 250гр ослич
  • 1 голема главица кромид
  • 1 голем морков
  • 2 лажици кечап
  • 50гр (една рака) грашок
  • 1 лажиче сол, зачин, малку бибер и малку буковец

Подготовка

Кромидот ситно го сецкаме, а морковот го рендаме на ситната страна од рендето.
Ги ставаме да се пржат. Откако ќе омекнат го додаваме кечапот и промешуваме. Налеваме вода (околу 0,5 л) и го ставаме и грашокот. Рибата исечете ја на парчиња и додадете ја во тенџерето. (мојата беше обарена и само ја искинав на ситни парчиња) Посолете, ставете ги зачините и оставете да се вари. (без капак, нека изврие вишокот вода)