Испечати

Торта Бел анѓел

Торта Бел анѓел

Состојки

  • За пандишпан
  • 12 белки
  • прстофат сол
  • 24 лажици шеќер
  • 2 ванили
  • 2 лажици сок од лимон
  • 6 лажици (убаво полни) просеано брашно
  • 1/2 пециво
  • 12 лажици ситно сецкани орев (лешник или бадем)
  • За фил
  • 12 жолчки
  • 12 лажици шеќер
  • 250гр. маргарин
  • 125гр. путер
  • 100гр. црно чоколадо за готвење
  • 2 банани
  • 300гр. мелени ореви
  • 2дл. врело млеко
  • Уште ќе ни е потрено
  • 200гр. шлаг крем
  • 200мл. ладно млеко или ладна минерална вода

Подготовка

Кремаста и многу вкусна торта. Се надевам дека и вам ќе ви се допадне.))))

Пандишпанот се подготвува на вообичаениот начин.
Се матат белките со малку сол во густа пена. Потоа се додава шеќерот и ванилата и се мати додека се стопи шеќерот и се добие цврст шам. Се додава и лимоновиот сок. Потоа се додаваат брашното, пецивото и оревите, мешајки со најмала брзина на миксерот. Убаво изедначената смеса се излева во плех намрсен со маргарин.
Се печи во загреана рерна, а времетраењето на печење е околу 30 мин. на 180 степени или печите према вашата рерна.
Печената кора се витка во памучен чаршав и се остава да излади, па се сечи на 3 ленти.

За филот најпрво се матат жолчките со шеќерот, додека го дуплираат волуменот неколку пати. Потоа се варат над пареа, со постојано мешање, додека се стопи шеќерот. Во жешко се додава чоколадото и се меша додека се стопи. Смесата се остава да излади.
За тоа време се мати маргаринот и путерот, додека побелат, па се соединуваат со смесата од жолчки.
Мелените ореви се попаруваат со врелото млеко и се остава да изладат, па се додаваат во кремот од жолчки.
Бананите се пасираат и се додаваат во кремот. Се убаво се меша, изедначува.

Шлаг кремот се мати со млекото додека ја добие потребната густина и цврстина.

Финална постапка
На тацната од кутијата за торти се става една третина од кората, се премачкува со една третина од филот, па тенко се премачкува со шлагот.Се става и вториот дел, па исто крем и шлаг.Се повторува постапката и со третата третина од кората и филот.Целата торта се премачкува со шлагот.
По желба може да употребите повеќе шаг од наведениот.
На здравје!