Испечати

Кремасти мафини со брусници

Кремасти мафини со брусници

Состојки

  • тесто
  • 2 јајца
  • 100гр шеќер во прав
  • 2 лажици мед
  • 100гр омекнат путер
  • 200гр брашно
  • 40 мл млеко
  • 1 лажиче пециво
  • 80гр брусница
  • ганаш крем
  • 100гр шеќер
  • 50гр путер
  • 50мл слатка павлака
  • и уште
  • 100гр слатка павлака
  • 100гр бело чоколадо
  • чоколадни трошки и хартиени 12 корпи

Подготовка

Многу декоративни и вкусни мафини

Прво се става во вангличка путерот со шеќерот во прав и се мати.
Потоа се додаваат медот, жолчките, се мати, па се додава млекото, пецивото, брашното и брусницата. На крај се додава снег од 2 белки. Убаво се промешува и се полнат хартиените корпи по 2/3.
Се печат околу 20 минутии на 180 степени.

За тоа време се спрема кремот.
На тивок оган се растопува 100 гр кристал шеќер, да карамелизира.
Потоа во него се додаваат путерот и слатката павлака и се меша на тивок оган да се изедначат.
Се остава на собна температура да се излади.
Сега во друга касерола се растопуваат белото чоколадо и слатката павлака. Не смеат да провријаат.
И ова нека се излади на собна температура.
Сега 2 смеси се соединуваат во еден сад и се оставаат во фрижидер 1 час да се изладат.
Потоа се мати смесата со миксер до згуснување, се полни во шприц и се украсуваат испечените мафини.
Се декорираат со чоколадни трошки.
Уживајте во убавиот вкус.