Испечати

Панцероти од варено тесто

Панцероти од варено тесто

Состојки

  • 125мл. масло или путер
  • 500мл. вода
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 300гр. брашно + за расукување
  • 4 јајца
  • фил
  • 150гр. пилешка шунка
  • 150гр. кашкавал
  • кечап и оригано по желба
  • 1 јајце со две лажички масло за премачкување
  • 50гр. сусам

Подготовка

Теофанија има објавено видео рецепт за погачки со варено тесто, инспирирана од нив решив да направам моја варзија адаптирана на потребите и желбите на моите најмили.Се одлучив на панцероти или затворени мини пици...
Подготовка.
1. Во тенџере ја ставаме водата,зејтинот,солта и шеќерот да зовриат. Кога течноста ќе зоврие веднаш го ставаме брашното и енергично мешаме. Тенџерето го тргаме на страна и оставаме да се олади.Ова постапка е многу слична на подготовка на еклери или принцес крофни(тестото е за нијанса по тврдо).
На изладеното тесто ги додаваме едно по едно јајцата матејки со миксерот со перките за тесто.
2. На работната маса убаво посолете брашно, рацете набрашнете ги и кинете тесто со големина на орев. Топчето расукајте го со оклагија(јас не користев оклагија туку нежно со рака формирав круг со големина на тацна).Доколку работната маса ви е добро набрашнета(има дополнителна фотографија која ја покажува постапката)нема шанса да се лепат панцеротите.
На средина ставаме од сецканата шунка,кашкавал,оригано и кечап затвараме со најмалиот прст нежно притискаме да добиеме форма на школка.
3. Вака формираните панцероти ги ставаме во ростер тава,премачкуваме со јајце измешано со масло и посолуваме со сусам. Печеме во веќе загреана рерна на 200степени 30 мин. без да се отвара рерната.
Овој рецепт нека ви послужи како мотивација плус да го пробате вареното тесто.
Добар апетит!!!