Испечати

Видео рецепт: Посни Американски палачинки

Видео рецепт: Посни Американски палачинки

Состојки

  • Ќе ви треба (чаша 240мл):
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • 3 лажици вода
  • 1 чаша пченкарно брашно
  • 1/2 чаша бело брашно
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 1 рамна лажичка сода
  • малку сол
  • кора од еден лимон
  • 2 лажици сок од лимон
  • 4 лажици мед (Или 2 лажици мед, 2 лажици јаворов сируп)
  • 1 чаша растително млеко

Фичо ќе направи посни Американски палачинки со пченкарно брашно.

Подготовка

Чекор 1: Во сад измешајте го меленото ленено семе со водата и оставете ги да отстојат 10 минути.

Чекор 2: Во друг сад измешајте ги сувите состојки, пченкарното и белото брашно, прашакот за пециво, содата, солта и кората од лимон.

Чекор 3: Во трет сад измешајте ги течните состојки, сокот од лимон, медот и јаворовиот сируп со растителното млеко.

Чекор 4: Сите состојки измешајте ги и додадете им 3 лажици масло за убаво да се спојат. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Чекор 5: Загрејте ја Тавата за палачинки на ниска температура и печете околу 1 минута.

Чекор 6: Сервирајте со мед, јаворов сируп или чоколаден прелив како засладувач, со овошје и јатки по желба.

СОВЕТ: Внимавајте да не ставите премногу сода, бидејќи така палачинките ќе горчат.