Испечати

Пити на поинаков начин

Пити на поинаков начин

Состојки

  • 800гр брашно
  • 200 гр масло
  • 1 лажица сол
  • 1 квасец
  • Фил
  • 4 јајца на секоја пита по едно
  • по потреба/желба месо
  • 3 лажички маст

Подготовка

Ова е еден прекрасен рецепт за пити, кој верувам не ве остава рамнодушни.
Тестото се замесува.
800 гр брашно се замесува со претходно стасан квасец, сол и масло. Додаваме вода се до моментот додека не добиеме меко лепливо тесто.
Оставаме да стаса тестото, покриено со најлон и крпа.
Откако е дуплирано тестото, на многу малку набрашнета маса, го префрламе тестото и го делиме на 4 дела. Значи од оваа смеса добиваме 4 пити.
Треба да бидат по 200 гр едно парче.
Секое топче го мачкаме со масло и покриваме со најлон.
Веднаш вклучуваме рерна.

Земаме алуминска фолија и ја попрскуваме со брашно.
Ја сечеме колку што планираме да биде питата.
По желба ако сакате помрсни, ставете масло на фолијата.
Го земаме топчето и го расплеснуваме на фолијата.
Ја оформуваме питата и на краевите правиме венец кој го попрскуваме со брашно.
Ја филуваме питата со месо кое претходно сме го иситнилеи посолиле.
Додаваме по 3 мали лажичиња свинска маст на една пита.
Печеме во вжештена рерна околу 5минути. Додаваме јајце многу малку разматено со вилушка.
Кога питата добива руменкаста боја, ја вадимеод рерна.
Ова е прекрасен рецепт за пита.
Не е премногу на тесто и ме потсетува на питите од рестораните во Велес.
Пробајте ја питава, нема да зажалите.
На здравје нека ви е.

Забелешка
Не ставам точна мерка за месото ставете си по желба. Некој сака повеќе,некој помалку месо.Некој ја сака со пилешки стек, некој со свинско месо. Затоа секој по вкусот нека си одбере. Друго што сакам да кажам е дека на секоја пита оди по едно јајце, што не мора да значи. Ако сте си мераклии за повеќе јајце додајте си слободно и филот ќе си е побогат.