Пита Александрија
Состојки
- тесто
- 650 гр брашно
- 1 квасец
- 2 жолчки
- 1 лаж маст
- 350 мл млеко
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 100 гр маргарин
- фил
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 200 гр сирење
- 300 гр спанаќ
- за премаз
- 1 белка
Подготовка
Рецептот е од страната на Миња Б. Уште кога ја видов морав да ја направам, превкусна е и многу лична на изглед.
Тестото се меси и се остава да стаса. Стасаното тесто се дели на 8 дела. Се прават 2 купчиња по 4. Се зема едното купче и секоја топка се сука во коричка и се премачкува со стопен маргарин само 4-тата несе премачкува.
Се редат една врз друга и се сука кора правоаголна, се премачкува со филот(без спанаќ), па се покрива со суканата кора од другиот дел, на оваа кора се распоредува спанакот и се мота ролат. Краевите од ролатот се сечат со дебелина од 3 см, а останатиот дел од ролатот се сече на 6 триаголници. Триаголниците се редат во намачкана тепсија бр 32 во круг, а во средината се стават двата краја еден врз друг. Се остава питата да стаса 45 минути, се премачкува со разматена белка и се пече на 200 околу 40 минути.