Испечати

Слатко,зачинето и пржено пилешко со брокула на кинески начин

Слатко,зачинето и пржено пилешко со брокула на кинески начин

Состојки

  • 1.5 чаша ориз
  • 3 чаши вода
  • 3 парчиња пилешки гради
  • 200г брокула
  • 3 лажици маслиново масло
  • 4 чеклиња лук
  • 5 млади кромидчиња
  • 2 лажици кечап
  • 1 лажица соја сос
  • половина лажица ѓумбир (по желба)
  • половина лажица чили (по желба)
  • по вкус мешан зачин
  • по вкус сол
  • по вкус црн бибер

Подготовка

1. Сите состојки се подготвуваат однапред на крај само се сервира.
2. Оризот се мие и се става во 3-те чаши зовриената вода (претходно посолена по вкус) во тава или тенџере да врие. Откако ќе биде готов тргнете го на страна.
3. Пилешките гради се сецкаат на ленти (како на сликата) па се ставаат во тава на оган да се динстааат со половина чаша вода, 3-те лажици маслиново масло и сол по вкус.
4. На пареа се става брокула да се приготви околу 10 минути но претходно посолета ја по вкус. Откако ќе биде готова тргнете ја на страна.
5.Откако водата ќе испари во тавата со пилешкото месо се додава претходно исецканиот лук на ленти,претходно исецканите млади кромидчиња на кругови,ѓумбирот,соја сосот,кечапот,чилито,црниот бибер и мешаниот зачин се промешува да се соединат и се остава да се пржат околу 4-5 минути со почесто промешување.
6. Брокулата исецкајте на парчиња по желба и додајте ја во изпрженото пилешко и оставте уште 2-3 мин да се пропржат заедно па тргнете ја тавата на страна.
7. Од сварениот ориз ставете на чинија за сервирање и врз оризот ставете од пилешкото со брокули.На крај наросете со претходно исецкан млад кромид на кругови па послужете..Добар Апетит