Испечати

Пржени нудли со зеленчук

Пржени нудли со зеленчук

Состојки

  • 250гр. кинески нудли Mie-Noodles (замена-најтенки шпагети)
  • 2 чешниња лук
  • 1 парче свеж ѓумбир (околу 1 см)
  • 150гр. шампињони
  • 2 моркови
  • 1 гранка праз
  • 1 врзоп млад кромид
  • 1 тегличка никулци од златен грав (или никулци од соја)
  • 1/2 лажичка чили во прав
  • 5 лажици соја сос
  • сол, бибер
  • 1-2 лажички масло од сусам
  • 2-3 лажици масло од кикирики

Подготовка

Ставете вода во едно тенџере да се вари и додадете сол. Откако ќе зоврие, ставете ги Мие нудлите и тргнете го тенџерето од оган. Оставете ги така 4 минути да отстојат па потоа промешајте ги со вилушка за да се одлепат една од друга. Процедете и тргнете ги на страна.
Зеленчукот исечкајте го. Лукот ситно, шампињоните на листови, морковите на тенки ленти, празот на полукругови, кромидот ситно, а ѓумбирот изрендајте го најситно што можете. Никулците ставете ги во една цедалка да се цедат.
Во вок тава ставете го маслото од кикирики да се загрева. Додадете лукот и ѓумбирот. Пропржете додека лукот да пушти мирис па ставете ги шампињоните. Пржете ги 1 минута со непрестано мешање или превртување. Додадете ги морковите и пржете повторно 1-2 минути. Следува празот кој исто го пржите 1-2 минути. Додадете на крај младиот кромид и никулците. Пржете наредни 1-2 минути, ставете го чили зачинот, соја сосот и додадете ги сварените нудли. Промешајте се заедно, пржете уште една минута, посолете и побиберете по вкус, и јадењето ви е готово.
Пред да сервирајте додадете го маслото од сусам. Маслото од сусам му го дава на ова јадење оној типичен вкус познат од кинеските ресторани.

Забелешка
Наместо Мие нудли можете да користите тенки шпагети. Во тој случај, шпагетите подгответе ги според упатсвото на опаковката. Може во јадењето да додадете и една рака сечкани несолени кикирики. Шитаке печурките јас ги заменив со шампињони, доколку можете од нив да најдете употребете ги за овој рецепт. Важно е зеленчукот да не го препржите. Тој треба да си ја зачува бојата, да не ви потемни, туку малку да омекни а сепак да биде крцкав.

На здравје!