Испечати

Смуди од цвекло и овошје

Смуди од цвекло и овошје

Состојки

  • 2 морков
  • 1 јаболко
  • 2 лажици мед
  • 2 портокал
  • 1 парче цвекло
  • 1 лимон

Подготовка

Цвеклото се лупи и се сецка на помали коцки.
Јаболкото се мие, а портокалот и лимонот ги чистиме од кората.
Прво го ставаме јаболкото на коцки во соковникот или блендерот.
Потоа го додаваме цвеклото,а по него и останатите лимон,портокал и морков.
Следна состојка е медот.
Ако не сакате многу густо, додадете вода по ваша мерка.
Изблендирајте или исцедете на соковник.
Смудито е готово.
Здрав напиток,кој одамна се користи на нашите простори. Се верува дека има и лековито својство,ги уништува келиите на ракот.
Убаво е дда се конзумира свежо,но ако остане може да се чува во фрижидер но само до вечерта.
Една чаша на ден од овој напиток, значи дека имате внесено доволно количина на материја која ќе помогне на имуниот систем, да го чува вашиот организам.

Забелешка
Лимонот и портокалот можете да ги користите заедно со нивната кора, доколку не ви смета горчината.Ако решите да го конзумирате со кора тогаш треба добро да ја исчистите кората од пестициди со тоа што ќе ги почувате во вода растворена со сода и оцет.