Пудинг со овошни мусли
Состојки
- 1 кесичка пудинг од чоколадо
- 0,5 литри млеко
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици мусли од малинки и капини
Подготовка
Експресен десерт со интересен вкус.
Во модла за пудинг се става 1 лажица мусли (јас ставив овошни од малинки и капинки). Пудингот се вари според упатството и се тура малку во модлата да се покријат муслите, пак се става уште 1 лажица мусли и се дополнува со пудингот.
Се работи веднаш додека е жежок пудингот.
Се лади добро и се превртува пудингот од модлата во чинија.
Пудингот (нормално) може да биде со вкус по желба.
На здравје!