Рустична торта со шери домати и бешамел крема
Состојки
- Тесто
- 300 брашно
- околу 3/4 чаша(од 200мл) млако млеко
- 2 лажици неутрална павлака за готвење
- 1/4 лажичка сол
- малку сода бикарбона
- Бешамел крема
- 150мл. млеко
- 100мл. неутрална павлака за готвење
- 4 полни лажици пармезан
- 25гр. путер
- 25гр. брашно
- по потреба сол, бибер
- Други состојки
- 500 шери домати
- 2 чешниња лук
- малку сув босилек, оригано, сол, бибер, маслиново масло
Подготовка
Од состојките за тесто замесете средно меко тесто.
Завиткајте го во најлонска фолија и оставете да отстои 30 минути.
Во тава на оган ставете маслиново масло.
Додајте ги шери доматите исечени на четвртинки и сецканото лукче.
Наросете малку сув босилек, оригано, малку сол и црн бибер и пржете додека испари течноста што ја пуштаат доматите.
Во касерола ставете го путерот да се растопи, па додајте го брашното.
Откако брашното ќе се пропржи додајте ги стоплените млеко и павлака за готвење.
Посолете, наросете бибер и мешајте додека се згусти.
Потоа тргнете ја касеролата од оган, додајте го пармезанот и измешајте.
Тестото расукајте го во округла кора и нанесете ја во округол капал(или плех), со тоа што краевите да висат надвор од калапот.
Нанесете ги пржените домати, па врз нив бешамел кремата.
Преклопете ги краевите кон среднината, но не до крај( како што е на сликата).
Печете на загреана рерна од 200степени, околу 25-30 минути(зависно од рерната).