Интегрална плетенка со ореви и семиња
Состојки
- Тесто
- 250 гр интегрално брашно
- 250 гр бело брашно
- 1/2 коцка свеж квасец
- 1 лажиче сол
- 300-350 мл топла вода
- Мешавина од семиња
- 40 гр сецкани ореви
- 1 лажица сусам
- 1 лажица семки од сончоглед
- 1 лажица ленено семе
- 1 лажица семе од афион
Подготовка
Во сад за месење ставете ги брашната, квасецот претходно изронат или растворен во малку вода и солта. Постепено додавајте ја водата и замесите средно меко и не лепливо тесто. Покриено оставете го да надојди, околу 45 мин. Во чинија ставете ги сите семиња и измешајте ги.
Откако ќе стаса тестото поделете го на 3 дела.
Секој дел развлечете го во долгунести форми(како за плетенка сл.1).Одозгора по средината во должина засечете ги со ноже и малку раширете ги. Ставите од семињата и повторно затворете ги, со притискање на прстите за да се залепат.
Малку од семките оставете и за одозгора на плетенката.
Кога се готови сплете ја плетенката. Префрлете ја во плех со хартија. Премачкајте ја со топла вода и посипете ја со остатокот од семиња.Со прстите малку притиснете ги да се залепат. Оставете ја да кисне 40 мин и потоа печете во загреана рерна на 180 степени околу 45 мин.
Покриена со фолија и крпа оставете ја олади.