Испечати

Салата со тиквичка

Салата со тиквичка

Состојки

  • 5-6 листови марула
  • 2 ротквици
  • 2 млади кромидчиња
  • 2 варени јајца
  • 70гр брокула свежа
  • 1 помало тикве
  • за поховање
  • 1 јајце
  • брашно, сол, презла, лен, сусам, масло
  • за зачинување
  • сусамово масло, јаболков оцет, сол

Подготовка

Оваа салата со парче сирење може да биде и убав лесен појадок

Прво тиквето се лупи, се сече на парчиња, се облепува со брашно, па со изматено јајце, и презла во која е додаден сусамот и ленот.
Се пржи на загреано масло и се реди на салфети.
Потоа во еден тајнир се ставаат исецканата марула, кромидчето, ротквиците, свежата брокула, се зачинува и се промешува.
Се ставаат парчиња јајца и похованата тиквичка.
На здравје