Маринирани пилешки батаци со полнети компири
Состојки
- за маринада
- 4 лажици кисела павлака
- 5 лажици сенф
- 1 лажица вагета
- 1 лажица сецкан свеж магдонос
- 1 мало лажиче црн бибер
- 2 лажици масло
- 2 чешниња лук-сецкан
- 1 мало лажче рузмарин- по желба и вкус
- 8 средни батаци со карабатак или 4 поголеми
- за компирите
- 8 помали компири
- 2 - 3 моркови
- 200 гр кашкавал
- 200 гр сирење
- зачини вагета,црн бибер,магдонос,рузмарин-по желба и 1 чешне лук
Подготовка
1. Батаците малку провријте ги во една вода и убаво измиете ги, оставете да подизладат и да се подисцедат, за тоа време спремете ја маринадата.
2. Сите сотојки за маринадата измешајте ги и со неа премачкајте ги убаво батаците и ставете ги во еден сад покриен со најлонска фолија или капак да отстојат во фрижидер 3-4 часа или најубаво да преноќат.
3. Потоа наредете ги во тава за печење со капак или покријте ги со алу фолија и налејте го виното или водата доколку не сакате вино и ставете ги во рерна да динстаат на 200 степени,пред крај извадете им ја фолијата и оставете окулу 15-20 мин на 180 убаво да заруменат.
4.Компирите се лупат и се засекуваат на кришки но не до крај туку до половина,за да не се скршат кога се полнат.
5.Морковот,сирењето и кашкавалот се сечат на тенки парчиња-како чипс,најубаво на ренде за таа намена и се полнат компирите.Се става прво од морковот во сите пресеци и потоа преку еден пресек се става сирење,а кашкавалот се става пред крај во преостанатите пресеци,значи треба да добиете компир-морков-сирење-компир-морков-кашкавал.
6.Се ставаат во тава за печење,врз секој компир се става по едно парче маргарин или путер се зачинуваат од горе со зачините се налева вода во тавата ,онолку колку да се покрие дното и 1/4 од компирите да биде во вода,се покрива со капак или алу фолија и се става заедно до месото на иста температура да се печат на 200 степени,пред крај исто им се отстранува капакот или фолијата им се додава кашкавалот и се враќаат уште 15-20 мин додека не заруменат.
Доколку немате две помали тави како јас можете се да ставите во една поголема и да ги налеете водата и виното
Овој пат не им ставив сирење на дегустаторите па потоа беа пишман што не ме послушаа
Не наведов време на печење бидејќи секоја рерна пече различно,јас ги печев во две посебни тави покриени со алуфолија окулу 35 минути на 200 и уште 20 на 180 степени
Не се придржувајте во грамажата на виното и водата тоа наубаво да си го прилагодите сами