Испечати

Едноставни соленки

Едноставни соленки

Состојки

  • 1 чаша (200мл) јогурт
  • 3/4 чаша масло
  • 250 гр сирење
  • 1 јајце (но убави се и без јајце)
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 1/2 лажиче сол
  • 3 чаши брашно
  • 1 лимонтус (10гр)
  • 1/2 чаша семки(сусам, сончоглед, афион..)

Подготовка

Сода бикарбона се раствара во јогуртот, се додава јајцето, маслото, сирењето и се промешува добро. Се додава пресеаното брашно измешано со солта и лимонтосот и се мешат со лажица додека не стане леплива смеса. Со сладолед лажица се обликуват соленките.
Се пече во загреана на 220 - 250 С рерна во тава со хартија за печење. Наместо сирење може да се користи кашкавал или урда. По желба може да се попрска со семиња (ленено семе, афион, сусам, сончоглед, тиква семе) или се додават во самото тесто ½ чаша семиња.

п.с. Ако се користи урда, сол се става и во урдата на вкус и од делно во брашното се става ½ лажиче. Од дозата се добиват околу 30 парчиња соленки