Испечати

Турско пециво со суви домати и маслинки

Турско пециво со суви домати и маслинки

Состојки

  • за тесто
  • 500 гр брашно
  • 200 мл течен јогурт (или маштеница)
  • 100 мл топла вода
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 белка
  • 20 гр свеж квасец (или 7 гр. сув)
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • за фил
  • 150 гр исецкани црни маслинки, сушен домат
  • 150 гр моцарела (или друго сирење кое се топи)
  • по вкус лук во прав
  • 60 гр растопен путер
  • за премачкување
  • 1 жолчка
  • по желба сусам, лупен сончоглед, ленено семе, ким

Подготовка

Едни убави турски кифлички кои дефинитивно влегоа во моето редовно мени, со вкус и мирис кој ги задоволува сите сетила. Подготовката оди вака

Во топлата вода со една лажичка шеќер и малку брашно се остава квасецот да се активира. Во подлабок сад се става брашно, сол, изматена белка, маслиново масло и активираниот квасец и со малку загреаниот јогурт се замесува убаво меко тесто.

Тестото се премачкува со маслиново масло и се остава да го удвои волуменот и да нарасне половина час.

Во меѓувреме се припрема полнежот за пецивата. Ситно се сецкаат маслинките, сирењето ( јас ставив кашкавал овој пат) и сушените домати. Се зачинува со лук во пра и убаво се промешува.

Стасаното тесто се размесува уште еднаш и се дели на 12 топчиња. Од секое топче се развлекува правоаголник кој се премачкува со растопен путер. Се става од филот и се витка како потковица ( види помошни фотографии). Пецивата се оставаат уште половина час да нараснат. Се премачкуваат со разматена жолчка и се наросуваат со семиња по желба (сусам, лупен сончоглед, ленено семе, ким). Врз секое од нив се става мало парченце путер и се печат на 180 степени 20-25 мин. Добар апетит