Шарен куглов
Состојки
- 6 жолчки
- 250гр. шеќер
- 200мл. јогурт
- 250гр. растопен путер
- 350гр. брашно
- 1 прашок за пециво
- 1 пудинг од чоколада
- 50гр. сецкана чоколада
- за тестото од белки
- 6 белки
- 6 лажици шеќер
- 100гр. брашно
- 2 лажици нишесте
- 50гр. кокос
- 50гр. сецкана чоколада
- чоколадна глазура
- 100гр. чоколада за готвење
- 3 лажици масло
- 2 лажици рум
- малку шеќер во прав
Подготовка
Овој куглов произлезе од мојата фантазија и од она што се нашло по дома.Понекогаш морам да се снаоѓам во кујната на овој начин само да не дозволам на децата да им ги задоволам потребите за благо од куповните ДЕСЕРТЧИЊА богати со разни чудни додатоци.
Подготовка.
На почеток ги оделуваме белките од жолчките во две различни здели. Бeлките ги матиме во густа пена и тогаш го додаваме постепено шеќерот лажица по лажица непрекинато матејки.
Во жолчките го додаваме шеќерот и матиме во густа крема, во него ги додаваме путерот, јогуртот, прашокот за пециво, пудингот, брашното и половината од сецканата чоколада.
Во белките ја додаваме другата половина од сецканата чоколада, кокосот, нишестето, брашното и промешуваме со шпатула.
Две лажици од смесата со белки додаваме во смесата со жолчки и полека промешуваме.
Силиконскиот калап за куглов го премачкуваме со масло и ја сипуваме чоколадната смеса врз неа ги сипуваме белките.
Печеме на 180степени околу 45мин.-до 1час. за да бидете сигурни дали е печена смесата внатре проверете со чечкалица,доколку не е повторно вратете во рерна и допечете.
Кога кугловот е печен озладете го и тогаш превртете во тањир за сервирање.
Пресечете на половина и премачкајте со чоколадната глазура.Вака стокмениот куглов наросете го со шеќер во прав.
За подготовка на чоколадната глазура растопете го чоколадото со малку масло и сипете го румот,чоколадата ќе добие на густина идеална за премачкување.
Изладете убаво,кај мене тоа ретко се случува и сечете парчиња.
Добар апетит!!!