Испечати

Чоколадна афтер ејт торта

Чоколадна афтер ејт торта

Состојки

  • Тесто
  • 200г темно чоколадо
  • 200г путер
  • 3 јајца
  • 200г шеќер
  • 180г Брашно
  • Крем
  • 25г путер
  • 1дл шлаг не матен (слатка павлака)
  • 20 парциња Афтер Ејт чоколадо

Подготовка

Се мачка калап на кој што се вади крајот и се облекува со мрсна хартија. Се растопува путерот на тивко и се става чоколадото да се стопи од путерот. Се остава да олади.

Се бијат шекерот и јајцата убаво. Се додава брашното и путерот со чоколадото. Се истура смесата во форма и се пече во загреана рерна. Малце подолу од средина на 175 степени 20 до 25 мин и не појке, треба да биди како жива внатре. Треба убаво да олади пред да се вади обрачотна формата. Оваа торта ја правам еден ден порано и да се лади преку ноќ на собна температура.

Крем:

Во тенџерче се става путерот, шлаг и афтер ејт и се меша на тивко дур да се стопи чоколадото. Се остава да се олади и да се здебели како крем, после се потурва тортата и се става во фрижидер да се олади. Се декорира во вкус. Јас декорирав со афтер ејт чоколада и портокал. Чоколадо, ментол и портокал е супер комбинација