Испечати

Тури потпечи со сирење (Ѓомлезе)

Тури потпечи со сирење (Ѓомлезе)

Состојки

  • 1 1/2 кг брашно
  • 2 л вода
  • 300г младо сирење
  • малку сол
  • 100мл масло

Подготовка

Како голем љубител на тестенини се охрабрив овој рецепт да го направам во домашни услови, иако традиционално се прави под вршник и уште е познат како ѓомлезе. Изгубив речиси 2 часа но се исплати.
Се мешаат брашното со водата убаво со миксер за да се добие смеса слична со таа за палачинки.Тавата се премачкува со масло и се сипува со кутлачa од смесата убаво се разлева во кора и се става во убаво загреана рерна да се пече додека не поцрвени малку. Откако ќе се потпече првата кора се премачкува со масло и се истура вторa кутлачa од смесата се распоредува во тенок слој и пак се враќа да се потпече. Се вади се премачкува се става малку од раздробеното сирење и се истура нов слој од смесата. Се повторува постапката за да се потроши целата смеса, а на секои две кори се става и сирење меѓу нив. Последната кора откако малку ќе се потпече, извадете ја тавата исечете ја на коцки или ромбови премачкајте ја со масло и вратете ја да се испече уште малку за да поцрвени. Малку досаден рецепт, ама убав признавам. Може да го припремаат и тие што постат, без сирење се разбира, а тие што не постат може да си земат и кисело млекце како прилог. Добар апетит!