Крцкаво свинско со кромид на кинески начин
Состојки
- 500гр. свинско филе
- За маринадата на месото
- 1/2 кафено лажиче ѓумбир
- 1 супена лажица шеќер
- 50мл. соја сос
- 1 чешне лук
- сок од 1 лимон
- 90мл. + за пржење масло
- За валкање на месото пред пржење
- 50гр. бело брашно
- 50гр. пченкарно брашно
- 1/2 кафено лажиче чили во прав
- 1/2 кафено лажиче црвена пипер
- 1/2 кафено лажиче ким
- по вкус сол
- малку мелен црн пипер
- Уште ќе ни е потребно
- 1 поголема главица кромид
- 100мл. млеко
Подготовка
Вкусно, крцкаво...
Свинското филе го сечеме на долгунести парчиња и го ставаме во длабок сад.
Му го додаваме ѓумбирот, шеќерот, соја сосот, изгмеченото лукче во алатка, лимоновиот сок, маслото.Се убаво промешуваме и оставаме 2 часа месото да впие од зачините.
Главицата кромид ја оставаме да одстои малку време во млака вода, па ја сечеме на кругови со влажен нож на влажна штичка (ова за помалку да плачеме).Го ставаме во длабок сад и полеваме со млекото.
Ги мешаме двата вида на брашно и ги додаваме зачините.Ги валкаме парчињата месо и ги пржиме на загреано масло.Ги вадиме на кујнска хартија за да се впие вишокот на мрснотија.
Брашното што ни остана го додаваме кај кромидот.Внимателно промешуваме.Прстените од кромидот ги пржиме во истата тава каде го пржевме месото.Кога се готови и тие сервираме.
На здравје!