Испечати

Мачкини очи

Мачкини очи

Состојки

  • Tесто
  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1/2 пециво
  • Фил
  • 1 литро млеко
  • 9 лажици густин
  • 1 пудинг ванила
  • 2 лажици какао
  • 250 гр маргарин
  • 250 гр шеќер во прав
  • 100 гр мелени ореви
  • 4 банани

Подготовка

Прво го подготвуваме тестото со тоа што пенесто ги матиме јајцата и шеќерот. Откако убаво ќе ги изматиме јајцата и шеќерот го додаваме брашното, какаото и пецивото. Продолжуваме со матење додека состојките не се изедначат. Смесата ја истураме во четвртасто тавче кое е подмачкано со зејтин и е набрашнето. Печеме 15 мин на температура од 180 степени.

Потоа го подготвуваме филот со тоа што во тенџере на оган ставаме 800 мл млеко, а во другите 200 мл го ставаме густинот, пудингот и какаото и мешаме со лажица да се соедини. Кога млекото на оган ќе зоврие го додаваме и другото растворено млеко и непрекинато мешаме околу 5 мин. Го тргаме на страна и оставаме убаво да се излади.
Во длабок сад го ставаме маргаринот, шеќерот во прав, оревите и матиме со миксер. Кога убаво ќе се соединат состојките ги ставаме во изладената смеса и мешаме со лажица.Така филот го истураме врз тестото и од двете страни редиме по две банани.Едната страна ја виткаме до пола, а исто така и другата.