Испечати

Tea for Tеа (чај за Теа)

Tea for Tеа (чај за Теа)

Состојки

  • 0,5 литри вода
  • 3 парчиња ѓумбир (свеж)
  • 1 кесичка зелен чај со лимон
  • 1 кесичка чај од нане
  • 1 кришка портокал без лушпа
  • кафеав шеќер, мед, лимон по вкус

Подготовка

Еден од омилените чаеви на ќерка ми Теа и затоа го нареков чај за неа.
Многу лесен за правење и вкусен.

Во загреана вода резанките свеж ѓумбир и кришката портокал се варат 10 минути.
После се полеваат кесичките чај, се поклопува и се остава да стои 5-8 минути.
Толку. Се засладува со кафеав шеќер или мед, се става лимон по вкус.
Одличен за циркулација и загревање, и со витамин Ц.
На здравје!