Испечати

Гурманско грне

Гурманско грне

Состојки

  • 2кгр кисела сецкана зелка
  • 600гр свинско месо- удина и малку со коска
  • 300гр пушена сланина
  • 2 лути суви пиперки
  • 1 страк сецкан праз
  • зачин, сол, бибер, ловоров лист, црвен пипер, вода, расолница по потреба
  • за тесто
  • 125 мл вода
  • 250гр брашно
  • 1 лажица свинска маст
  • 100мл масло

Подготовка

Останаа уште 3-4 зелки од расол, па еве додека не е затоплено го направив овој ручек за денес,

Прво во вода се става измиеното свинско месо да се обари на оган околу 1 час.
Потоа во тава се ставаат маслото и маста и се става сецканата зелка и се пржи на тивко околу 1-1,30 час. Пред крај се додава и испржениот праз.
Се додаваат сите зачини, убаво сето се промешува да се соедини и се зема едно земјено грне.
На дното на грнето се става од зелката, па оди 1 лута пиперка, па парчиња од вареното месо и пушена сланинка.
Постапката се повторува уште еднаш, за да се истроши материјалот.
Се полива одприлика со 150 мл вода и 150 мл расолница.( колку да го покрие)
Се става капакот на грнето.
Сега се замесува тесто од вода и брашно и со тестото се облепува грнето кај капакот.
Оди во рерна на 160 степени околу 2 часа.