Шаренки солени мафини со хељдино брашно
Состојки
- 2 јајца
- 1лажиче сол
- 130 мл јогурт
- 50мл млеко
- 40мл сусамово масло
- 1 лажица хељдино брашно
- 4-5 лажици бело брашно
- 1 лажиче пециво
- 30гр сецкани шампињони
- 30гр сецкан морков
- 1лажиче магдонос
- 1 лажиче сусам
- 1 лажиче ленено семе
- 1/2 лажиче семе од коприва
- 50гр бело сирење
Подготовка
Брзи за подготовка, а многу вкусни мафини
Прво во вангличка пенасто се матат јајцата со солта.
Постепено се додаваат течните состојки, па сувите.
На крај се додаваат останатите артикли.
Убаво сето се промешува и со помош на лажица се тура во силиконските калапи.
Јас мафините во силиконските калапи на делимано ги декорирав со цветчиња брокула.
Се печат од 20-25 минути на 180 степени.