Испечати

Печени крофни

Печени крофни

Состојки

  • 300гр. брашно
  • 50мл. вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 20гр. свеж квасец
  • 50гр. шеќер
  • 70мл. топло млеко
  • 2 жолчки
  • 70гр. путер,маргарин или свинска маст
  • 1 лажичка ванила
  • прстофат сол,мармалад по желба и шеќер во прав

Подготовка

Еден член од моето семејство пржените крофни веќе подолг период ми ги бојкотира поради количеството на зејтин кое во текот на пржењето крофната го впива.Доколку не сакате пржени крофни еве од мене еден предлог за подготовка на крофни во рерна.
Подготовка.
Квасецот растворете го во 50мл. и додадете лажичка шеќер.Брашното помешајте го со шеќерот,додадете го квасецот,жолчките,млекото,ванила,сол и растопениот путер.Сите состојките измешајте ги и замесете тесто,оставете го еден час да става.
Кога тестото ќе стаса со оклагија развлекува кора со дебелина од 1сантиметар.Со чаша вадиме кругови кои ги редиме во премачкана со зејтин тава за печење.На средина на кругот со прст правиме дупка и оставаме да стасаат додека ни се загрее рерната на 200степени(околу десет минути).Пред печење повторно притискаме на средина и повторно правиме дупка која ја полниме со мармаладот,премачкуваме со силиконска четка со жолчка јас на своја рака ги премачкав само со малку масло.Крофните ги печеме десет минути на 200степени потоа намалуваме на 180степени додека не добијат убава златна боја.
Забелешка.
Крофните ги подготвив со свинска маст во замена на путер,овие крофни морам да напишам дека не се шупливи но затоа се меки како памук.