Испечати

Слатки перничиња со мед и тиква

Слатки перничиња со мед и тиква

Состојки

  • 100мл кисела вода
  • 100мл млеко
  • 1 јајце
  • 1лажица свинска маст
  • 1лажица мед
  • 250гр печена пасирана тиква
  • 1 ванила
  • 20гр свеж квасец
  • 340-380гр брашно
  • прстофат сол, цимет
  • шеќер во прав

Подготовка

Многу вкусен појадок, слатки перничиња
Во млакото млеко се става квасецот со малку брашно да постои 10 минути.
Потоа во вангличка се ставаат сите состојки и постепено се додава брашно.
Се замесува тесто , кое треба да биде понамеко.
Се остава да одмори 20 минути.
Потоа се сучи кора и се сечи на парчиња по желба.
Се редат на чиста крпа.
Се става палмино масло да се загрее на среден оган и се пржат перничињата да поруменат.
Се редат на хартиени салфети и се посипуваат со шеќер во прав