Испечати

Пилешки срца во вино

Пилешки срца во вино

Состојки

  • 20 парчиња пилешки срциња
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 1 лажиче сол, зачин , црвен пипер и малку црн бибер
  • 50мл бело вино

Подготовка

Срцата ги чистеме и ги ставаме да се обарат.
Кромидот и морковот ги сецкаме ситно и ги ставаме да се запржат.
Ги додаваме и срцата (додате ималку од водата од која се вареа). Испржете го сето заедно и додадете ги зачините и црвениот пипер.
Додадете го и виното но не оставајте да испари. Кога ќе го додете виното ќе се направи убава хомогена кашичка, која штета би било да испари, срцата ќе останат суви. Само малку нека почне да врие и веднаш извадете го од оган.