Гриз алва со ѓумбир
Состојки
- 1 шолја масло
- 1,5 шолја гриз
- 3 шолји шеќер
- 4 шолји вода
- 1 ванилин шеќер
- 1 лажица ѓумбир во прав
- уште, по желба и вкус можи
- цимет, каранфилче, суво грозје, сува брусница...
Подготовка
Во подлабоко тенџере ставете го маслото да се загрее. Потоа, турете го гризот и мешајте додека не се испржи до светло кафеава боја. Тргнете го садот од оган и додадете го шеќерот. Промашајте, а потоа внимателно по 2-3 минути додадете постепено вода. Внимавајте на овој момент, бидејќи ќе прска.
Вратете го садот на оган и варете со често мешање додека не почни да згуснува. Сега, додадете ги и останатите состојки-ванилиниот шеќер и ѓумбирот во мојот случај, а по желба и вкус можи да додадете наместо ѓумбир цимет, каранфилче или да ги измиксирате овие зачини и секако, кој сака можи да додаде и сецкани ореви, сува брусница или грозје.
Варете со постојано мешање на умерен оган се додека не сетите отпор на лажицата, односно не се познава пат.
Врелата смеса истурете ја во плехче предходно исплакнато со ладна вода или пак во силиконски калапчиња за да добиете алва со форми.
Јас дел истурив во ќерамичка четвртаста тава и дел во силиконски калапчиња. Она во тавата одозгора уште додека беше врело го посипав со ситно сецкано чоколадо и ореви.