Сукана пита со урда и јајца
Состојки
- За тестото
- 600 гр брашно
- 350 мл топла вода
- 1/3 коцка пресен квасец
- 1 лажиче сол
- 3 лажици масло за јадење
- За фил
- 200 гр урда
- 1 јајце
- Останати состојки
- малку масло за јадење ( за попрскување на корите)
- малку кисела вода ( за попрскување на корите)
Подготовка
1. Квасецот со малку од топлата вода и 1 лажиче брашно се остава да нарасне
2. Брашното со сите останати состојки и стасаниот квасец се замесуваат во тесто кое се остава околу 30 минути да одмори малку и да нарасне
3. Тестото се размесува и се дели на 7 дела
4. Секој дел се рассукува во кора колку што се може потенка и на крајот со прстите се развлекува уште малку
5. Секоја кора се попрскува со малку масло и кисела вода и се става од филот, па се витка лабаво во ролатче, па во намрсено тавче се витка во круг (како полжав)
6. Се остава питата околу 40 мин да отстои на топло место покриена со стреч-фолија и крпа, да нарасне малку
7. Се пече околу 40 мин на 200 С во загреана рерна