Испечати

Експрес гибаница

Експрес гибаница

Состојки

  • 500 гр кори
  • За фил
  • 4 јајца
  • 300 гр урда
  • 100 гр рендано сирење
  • 2 полни лажици кисела павлака
  • 100 мл масло
  • 80 мл кисела вода
  • 1 пециво и сол по вкус
  • За попрскување
  • 5 лажици масло
  • 5 лажици кисела вода

Подготовка

Ова е најбрзата, а воедно и највкусната гибаница која сум ја правела до сега.

За подготовката на рецептов најпрво ја вклучуваме рерната на 200 степени. Додека таа загрева ние ја правиме гибаницата.

1.Сите состојки за фил ги промешуваме во еден сад. Во филот додаваме и три кори кои сме ги исцепкале на ситни парчиња.
2. Во намрсено тавче бр. 30 ги редиме сите кори една врз друга, при што дел од корите ни остануваат надвор од тавчето, а помеѓу ги попрскуваме со масло и кисела вода кое сме ги помешале заедно.
4. Кога ќе ни се потрошат корите го ставаме филот, а делот од корите кои ни беа надвор од тавчето само ги преклопуваме на внатре и формираме една пита налик на бурек.
5. Ја ставаме да се пече во загреана рерна околу 25 минути или додека убаво да порумени. Кога ќе ја извадиме ја премачкуваме со масло.

Нека ви е на здравје!