Бебешки бисквити (за првите забчиња)
Состојки
- 1 чаша 150мл интегрално брашно
- 1 чаша 150мл блендирани оризови снегулки или оризово брашно
- 1 банана
- 1/2 лажиче цејлонски цимет
- 2 лажици кокосово масло
- на врв на лажиче сода без алуминиум
- 4 лажици вода
Подготовка
Убаво се мешаат горенаведените состојки со блендираната банана и омекнатото масло од кокос. Се рассукува тесто и се вадат со калапчиња форми. Се редат во тава или плех и се печат во загрена рерна на 220 степени од 10 до 15 минути, малку да поруменат, а да не бидат препечени. Идеални домашни бисквити за најмалите без непожелни состојки како купечките и одлични за вежбање на ново пораснатите заби кај бебињата.