Испечати

Паста со песто

Паста со песто

Состојки

  • 300г лингвини тестенини
  • 1/2 авокадо
  • 1/2 чаша индиски ореви или лупени бадеми или пињоли
  • 1 китка свеж босилек
  • 1/2 китка рукола
  • 2 чешниња лук
  • по желба маслиново масло
  • 1/2 сок од лимон
  • за декорација пршута
  • по желба пармезан
  • по желба доматен сос
  • по желба сол

Подготовка

Ова е половина доза односо за двајца. Доколку сте повеќе луѓе дуплирајте ги сите состојки.

Лингвините ставете ги да се варат во зовриена вода. За тоа време подгответе го пестото. Измиените листови од босилек и рукола ставете ги во процесор или сецко, додадете ги индиските ореви, лукот, маслиновото масло, авокадото и лимоновиот сок, посолете по желба и блендирајте да добиете кремаста смеса. Готовите лингвини само процедете ги без да ги миете со вода. Во нив сега измешајте го готовото песто. Вака подготвените лингвини со песто сервирајте ги и декорирајте ги по желба. Добар и здрав рецепт на тестенини со хранливи состојки поразличен од секојдневната нездрава комбинација на тестенини со сирење, месо...Топло препорачувам да го пробате. Добар апетит!