Испечати

Видео рецепт: Наградувани Американски колачи

Видео рецепт: Наградувани Американски колачи

Состојки

  • Ќе ви треба (1 шолја = 240 мл):
  • 4 ½ шолји сенаменско брашно
  • 2 лажички сода
  • 2 шолји омекнат путер
  • 1 ½ шолји кафеав шеќер
  • ½ шолја обичен шеќер
  • 2 пакетчиња ванила пудинг (околу 100гр)
  • 5 јајца
  • 2 лажички ванила екстракт
  • 4 шолји чоколадни парченца (или можете 200гр. чоколадо за готвење)

Фичо ќе го претстави најнаградуваниот рецепт за класичните Американски колачи.

Подготовка

Чекор 1: Рерната загрејте ја на 190 степени и штом ја отворите, намалете ја на 175 степени. Со самото отварање на рерната температурата ќе се намали.

Чекор 2: Во брашното додадете ја содата и убаво промешајте. Во голем сад за матење соединете ги путерот и двата вида шеќер. Додадете го пудингот и матете додека не се соединат. Додадете ги јајцата и ванила екстрактот. Соединете ја смесата со брашното, убаво изматете и додадете го чоколадото. Мешајте со шпатула.

Чекор 3: Дозирањето на колачињата е со лажица. Доколку сакате помали колачиња, слободно можете да ја намалите дозата од лажицата.

Чекор 4: Печете ги во Ростер тавата и внимавајте да ги поставите подалеку едно од друго за да не се залепат при печење. Печете ги околу 10-12 минути.

Готови се кога краевите на колачите ќе станат златно кафеави.

Чекор 5: Сервирајте.

СОВЕТ: Откако ќе ја спремите смесата за колачи, можете да ја оставите во фрижидер, така ќе добие подобра структура и колачите ќе бидат помеки во средината.