Брза салата со кинеска зелка
Состојки
- 6 листови кинеска зелка
- 2 јајца
- 5 ореви јатки
- 1 морков
- 2 големи лажици маслиново масло
Подготовка
За некого салата, а за мене вечера.
Кинеската зелка е извор на белковини, а тие ја зголемуваат енергијата.
Кинеската зелка содржи големи количества на калциум и железо, па затоа е добро да се конзумира почесто.
Еве еден убав и здрав рецепт.
Измијте ги листовите кинеска зелка и исецкајте ги на ленти.
Јајцето сварете го и поделете го на половинки.
Јатките ореви додадете ги во салатата.
Морковот ќе горендате на јадрата страна на рендето.
Помешајте и полејте со маслиново масло.
По вкус додајте сол и јаболкпов оцет.
Ако пак сакате да не ставите оцет, направете си дресинг со сенф
2 лажици масло од семки од грозје
1 лажица сенф
2 големи лажици сок од лимон
лук во прав по вкус
На здравје
Јас си ја направив дупла доза )))))