Пита кромпируша
Состојки
- 500 гр. кори за пита
- 1 кг. компири
- 3-4 главици кромид кокар (средна големина)
- црн пипер, сол, сув зачин, шарена сол, масло
- 300 мл. вода
- 1 лажичка сол
Подготовка
Еве еден рецепт за посна пита со компири. Првиот пат кога ја правев компирите и кромидот ги изрендав и ги ставив живи, но не бев нешто воодушевена ни јас ниту моите, потоа ја направив вака по мое. Лесно за подготовка.
1. Компирите се варат (без да се преварат), се лупат и се сечкаат на мали коцки.
2. Кромидот се сецка ситно и се бланшира со масло и малку вода, се пржи убаво, се додаваат зачините и на крај се додаваат сечканите компири. Се меша убаво и
се остава малку да подизлади.
3. Се зема 1 кора, со четче се мачка со масло, врз неа 2-ра кора-масло, врз неа 3-та кора-масло и на неа на едниот крај се става од филот. Краевите се виткаат за да не испадне филот, и се витка во ролат.
4. Се изработуваат сите кори (јас добив 5 ролати со по 3 кори).
Ролатите се ставаат во намрсено правоаголно плехче, и одозгора се премачкуваат со масло.
5. Се печи во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
6. Водата зоврива со солта, питата се вади од рерна и се потура со неа.
Се враќа во рерна уште 10 минути да се прими водата.
Се лади и се сечи на парчиња. Се јади додека е топла.
Вие може да ја направите со праз (јас не го обожавам), може да додадете и печурки и зачини по вкус.
Пријатен тек!